Кинези сакаат да го купат рударскиот комплекс „Бор“

Компанијата Цијин Мајнинг Груп е најголем кинески производител на злато, втора по големина во производството на бакар и трета по големина во производство на цинк.

195

Кинеската компанија „Цијин“ (Цијин Мајнинг Груп) е заинтересирана да го купи најголемиот српски стратешки рударски капацитет РТБ „Бор“, кој во првата половина од оваа година ќе се продава преку тендер.

На денешната средба меѓу преставниците на „Цијин“ и српскиот претседател Александар Вучиќ, како што соопштија од неговиот кабинет, кинеската компанија изразила заинтересираност за учество на тендерот и за стратешко партнерство во РТБ Бор, но и за целиот регион „со цел да инвестираат повеќе стотина милиони долари во модернизација на производството и реструктуирање на компанијата според највисоките светски стандарди“.

Компанијата „Цијин Мајнинг Груп“ е најголем кинески производител на злато, втора по големина во производството на бакар и трета по големина во производство на цинк.

Покрај кинската компанија, за стратешко партнерство во РТБ Бор, како што неодамна изјави министерот за рударство и енергетика Александар Антиќ, заинтересирана е и една од најголемите руски компании за производство на бакар „Рашн копер компани“ од Екатерингбург, како и уште една компанија од Канада.

РТБ „Бор“ годишно преработува околу 20 милиони тони бакарна руда и во Србија е единствен производител на бакар и на благородни метали, како што се златото и среброто.

Кон крајот на февруари од РТБ „Бор“ соопштија дека во 2017 година имале нето добивка од 42,3 милони долари, годишниот приход изнесувал 302 милиони долари, а расходите биле 218 милиони долари, со што според компанијата се „повлекуваат од зоната на српските загубари“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...