Киев: Околу 100 приведени и десет повредени во судир пред Парламентот (Видео)

322

Околу 100 луѓе се приведени во судирот меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на украинскиот парламент во Киев.

Засега се повредени десет лица, соопштуваат од украинската полиција.

„Мораме да извршиме инспекција по две судски одлуки и да ја истражиме оваа област. Потоа комуналните работници ќе го расчистат ова место“, изјави началникот на полицијата.

Тој соопшти дека за време на пребарувањето, во кампот се пронајдени рачни и димни бомби и молотови коктели.

Протестниот камп беше поставен во октомври лани од приврзаниците на Михаил Сакашвили, поранешен грузиски претседател кој стана истакнат опозиционер во Украина од каде што беше депортиран на 12 февруари. Демонстрантите бараат воспоставување на национален суд против корупција.

Фото:Бета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...