Кејти Пери бакна момче, но нему не му се допадна тоа ВИДЕО

601

Кејти Пери ја гледаме како дел од жирито во обновеното издание на Американски идол. На аудиција дошло 19-годишно момче кое меѓу другото, признало дека расте во конзервативна средина и никогаш не бакнал девојка.

Пејачката која е позната по хитот „I Kissed a Girl“ не ја пропуштила можноста да го натера 19-годишниот Бенџамин Глејз да ја бакне во образ, но притоа таа на некој начин го измамила, со тоа што се свртела и го бакнала во уста.

Подоцна, Глејз изјавил дека и покрај тоа што е свесен дека многу момци би биле воодушевени да ја бакнат Кејти Пери, тој не бил бидејќи пораснал во конзервативно семејство и сакал неговиот прв бакнеж да биде посебно искуство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...