Ќе загинел за да докаже дека Земјата е рамна

437

Мајк Хјуџис од Калифорнија, кој неодамна сам конструира ракета со цел да полета со неа и да докаже дека Земјата е рамна – полета, ама не докажа ништо, освен што за влакно избегна смрт.

Калифорниецот сам конструираше ракета за да докаже дека постои заговор и дека астронаутите ги фабрикувале информациите за обликот на Земјата. Мајк самостојно се лансирал 550 метри кон небото над пустината Мохаве. За ракетата сам дал пари, а добил финансиска помош и од групи на истомисленици, па собрал вкупно 20.000 долари.

Но, при подвигот, ракетата почнала забрзано да паѓа надолу. Тој отворил падобран за да го ублажи падот, а се отворил и помошниот падобран. На видео може да се види како тим од луѓе притрчуваат да му помагаат. Самоукиот инженер, за среќа, завршил само со повреда на ребрата.

Тој сепак не се откажува. Сака да собере 2 милиони долари за лансирање ракета во вселената за да ја докаже својата теорија. Ентузијастот Хјуџис лани изјави дека неговата намера е само почеток во откривање на вистината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...