Ќе се поедноставува системот на извозни, увозни и транзитни дозволи

Моменталната состојба на постапките кои се спроведуваат на граничните премини при издавање и контрола на сите дозволи за увоз, извоз и транзит на стока, исто така е тема на повеќедневен работен состанок организиран по повод посетата на експертската мисија во врска со постапувањето и контролата на царинските стоки на граничните премини.

201

Во Царинската управа на Република Македонија се одржува работен состанок со поддршка на Проектот за регионален економски развој финансиран од USAID од кој се очекува да произлезат корисни совети и препораки за идните активности на поедноставување на постапките и унапредување на системот за извозни, увозни и транзитни дозволи во земјата, преку измена на прописите, како и олеснување на процедурите.

На состанокот, како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, учествуваат претставници на членките на Советодавното тело и претставници на инволвираните надлежни институции, се разменуваат информации за сегашниот статус на постапките спроведувани на граница, примената на нетарифни мерки, функционалностите на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи чија имплементација е во фаза на финализирање, формалностите околу издавање на дозволи за царинската постапка, применуваните предметни законски одредби, тековните и претстојни активности за реформирање на системот на лиценци и гранични инспекции.

„Моменталната состојба на постапките кои се спроведуваат на граничните премини при издавање и контрола на сите дозволи за увоз, извоз и транзит на стока, исто така е тема на повеќедневен работен состанок организиран по повод посетата на експертската мисија во врска со постапувањето и контролата на царинските стоки на граничните премини“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...