Каталонците не избраа претседател, можни се нови избори

137

Мнозинството во каталонскиот парламент кое се залага за отцепување на покраината не успа вчера да избере регионален претседател, што би можело д аводи до нови избори за два месеци.

Кандидатот Џорди Турул не го доби потребното мнозинство поради поделеноста меѓу трите партии кои се залагаат за независност од Шпанија.

На Турул му беа потребни 68 гласови, но доби само 64 поради тоа што претставниците на антикапиталистичката партија КУП кои беа воздржани при гласањето.

Каталонскиот парламент сега има рок од два месеци да избере претседател и да формира влада, но доколку не успее, ќе следуваат нови избори.

Според правилникот, Турул нова шанса за избор ќе има в сабота.

Меѓутоа, Турул, кој беше министер во претходната влада во петок има рочиште на кое може д абиде обвинет и ставен во затвор поради бунт.

Фото: EPA/Alberto Estevez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...