Секогаш сме имале убави концерти во Охрид. Последниот беше одржан летото 2015 година на Антички театар. Сите се радувавме што викендов ќе бидеме тука, порача на денешната прес-конференција познатата македонска пејачка Каролина Гочева, која вечерва ќе одржи голем концерт во Охрид.
Таа напомена дека во текот на изминатата недела беа одржани седум концерти во Скопје.
– Го промовиравме новиот албум „Извор“. Вечерва ќе ги изведеме сите песни од новиот албум, но и некои постари песни, наведе Гочева, посочувајќи дека ќе биде претставена истата програма како и во Скопје.
– Охрид е еден од нашите омилени градови. Доаѓаме со 10 музичари и се надевам дека ќе имаме одлична вечер, нагласи Гочева.
Концертот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 21:00 часот.