Возачите на камиони кои учествуваат во меѓународниот сообраќај ќе се обучуваат со едукативен материјал како да се заштитат од нелегалното уфрлање на мигранти и бегалци од страна на трговците со луѓе.
Од Стопанската комора која зедно со Националниот координативен центар за гранично управување при Владата ја спроведуваат акцијата велат дека целта на кацијата е да се гарантира безбедноста на возачите, како и да се спречат несаканите последици врз функционирањето на возилата.
„Сите учесници во меѓународниот сообраќај ќе добијат флаер (леток) на којшто се објаснети и визуелно се претставени измамите кои ги прават трговците со луѓе злоупотребувајќи ги мигрантите и бегалците.На него има и препораки како да делуваат возачите за да се заштитат од оваа појава“, појаснуваат од Комората.
Постери со идентична содржина ќе бидат поставени и на граничните премини, а флаерите и постерите ќе бидат напишани на македонски, англиски и албански јазик.
Во акцијата ќе бидат вклучени и Царинската управа и „SCHENKER“, ДООЕЛ – Скопје.