На фестивалот Денови на македонска музика вечер во Музеј на Град Скопје од 20 часот концерт ќе одржи Камерно трио од Албанија.
На програмата се дела од македонски и од албански автори: Гоце Коларовски, Томе Манчев, Борис Светиев, Арбана Фејзо, Шпетим Кушта, Дориан Цене и Ендри Сина.
Камерното трио го сочинуваат пијанистката Мерита Реџа Тершана, флејтистката Јонела Големи и виолистот Арбен Љози.