Каменос со порака за Турција

668

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, кој е во официјална посета на Ерменија, денеска од Ереван испрати порака до Турција.

– Ние правиме се што е можно за да и објасниме на Турција дека сакаме мир, но треба да ја потсетиме дека во многу моменти од нејзината историја и особено во моменти од историјата кои таа ги има предвид, од времето на големата Отоманска империја, таа претрпела пораз, како тој во 1821 година во Грција – рече Каменос.

Според него, желбата на Грција е Турција да стане европска земја која го почитува меѓународното право и човековите права.

– Нашата желба е да видиме Турција да се доближува до европските вредности, но се плашам дека со последните изјави на нејзиниот претседател Ердоган и соништата што ги спомна за голема османска империја, Турција се оддалечува од Европа, од меѓународното право и од меѓународната заедница – рече грчкиот министер за одбрана.

За време на престојот во Ереван, Каменос се сретна со ерменскиот колега Виген Саркисјан и ја посети меѓународната изложба за оружје „ArmHitec 2018“.

Според грчки извори, во разговорите се размениле мислења за прашања од заеднички интерес, за теми од билатералната соработка и во врска со предизвиците во однос на безбедноста и процесите во регионот.

– Грција и Ерменија беа, се и секогаш ќе бидат заедно. Ние имаме заеднички вредности, заедничка историја, заеднички жртви на двата големи геноциди – на ерменскиот народ и на понтиските Грци – изјави Каменос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...