Кожните чевли за да траат подолго треба соодветно да се негуваат и чуваат.
За да не се оштетат пред време кожните чевли треба редовно да бидат чисти. Еве неколку совети за нивно правилно чување и негување:
– Не ги ставајте во кутии. Кожните чевли мора да бидат на воздух за да не привлечат влага.
– Избришете ги правливите чевли со чиста, мека ткаенина што претходно сте ја поминале во млака вода. Оставете ги да се исушат во воздух, но не и директно на сонце.
– Ако тие се навлажнат, не ги исушите со фен или не ги ставате пред радијаторот, бидејќи кожата може да се исуши и да пукне. Ставете во нив весници.
– Кожата го губи својот природен сјај, поради губењето на природни масла, па пожелно е чевлите да се премачкуваат со масло за кожа на секои две седмици.