Како да ги натерате малите пребирливци да пробаат нешто ново?

За децата кои се пребирливи кога станува збор за храна и не сакаат ниту да пробаат нови вкусови, има едно правило: Намирниците мора да им ги сервирате одделно.

256

Кога имате дете што не сака да јаде или пак е премногу пребирливо, особено кога станува збор за нови вкусови, има едно правило, а тоа е дека намирниците не треба да се допираат меѓусебно.

Грашокот не смее да ги допира тестенините, а оризот мора да биде на „пристојно“ растојание од сосот. И не ни помислувајте случајно да им подметнете нешто ново измешано со веќе испробаните и прифатени намирници.

Во желбата да воведат разновидност во исхраната на нивните деца, родителите стануваат фрустрирани, а оброците често ескалираат во ситуации на низа од молби, подмитувања и закани.

Сали Куземчак, која пишува Тhe Real Mom Nutrition blog, предлага начин на кој ќе го вратите мирот: Користете Чинии за пробување.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...