Кафето во Калифорнија ќе носи предупредување за рак

Судија во Лос Анџелес донел одлука кафе компании во Калифорнија да стават на своите производи етикета со предупредување за канцер.

1340

Судијата на Врховниот суд Елиху Бер рекол дека „Старбакс“ и другите компании за кафе не успеале да докажат дека заканата од хемиското соединение кое се добива при печењето на кафето е безначајна во однос на појавата на канцер.

Ова хемиско соединение, акриламид, е канцерогено, а се создава кога кафето се пече. Тоа е на листата на хемикалии кои државата Калифорнија ги разгледува како можни причини за рак. На оваа листа се и алкохолните пијалоци.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...