Автомобил во кој се превезувале 12 нелегални мигранти, управувано од 25 годишен странски државјанин, во близина на Солун, удрил во друго возило со резултат животот да го загуби 64 годишен Грк, возач на вториот автомобил, соопштија од грчката полиција, jави дописничката на МИА од Атина.
Сообраќајната несреќа се случила вчера наутро, откако криумчарот, кој според медиумите во Грција, е од Молдавија, поминал на црвено и удрил во другото возило.
25годишниот бил уапсен, а мигрантите пренесени во болница.
Од судирот била нанесена штета и на трето возило кое било на истата улица.