Британската амбасада традиционално синоќа во хотелот „Александар палас“, го организираше годишниот прием по повод роденденот на Нејзиното величество кралицата Елизабета II. Во свечената и пријатна атмосфера, посетителите беа пречекани и имаа можност да уживаат во глетката на изложените британските премиум модели на целосно новиот „E‑Pace“ кој е и првиот компактен SUV на „Jaguar“, како и најдинамичниот „Range rover sport“.
Вистински „Jaguar“, „E-Pace“ е SUV којшто има пространа внатрешност, зголемена безбедност, пропорции на семеен автомобил и жестоки перформанси, кои инаку не се типични за едно вакво спортско корисно возило. Досега немало компактен SUV како овој.
Додека пак, со поспортски дизајнерски идеи и моќен мускулест став, „Range rover sport“ е дизајниран за да импресионира. Поотмен, подинамичен, создаден за сите оние кои вистински уживаат во возењето.
Доколку сакате уште подобро да ги запознаете или пробате овие модели, направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – „Аутомобили Гроуп“ на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.