Израел веројатно нема да протерува руски дипломати

Галант, поранешен воен командант задолжен за јужен Израел, изјави дека Русите не го сметаат Израел за непријател поради повеќе причини.

204

Израелскиот министер за градежништво Јоав Галант изјави денеска дека Израел мора да работи она што е во негов интерес, а не во интересите на другите, и дека веројатно нема, како западните земји, да протерува руски дипломати поради труење на поранешниот шпион на Русија и на Велика Британија.

Галант, поранешен воен командант задолжен за јужен Израел, изјави дека Русите не го сметаат Израел за непријател поради повеќе причини.

– Пред сѐ, ние споделуваме некои идеи и интереси. Второ, бидејќи има повеќе од еден милион имигранти, кои дојдоа од Русија во Израел, а руската администрација ги гледа како граѓани или стари граѓани или ветерани на Русија. И трето, треба да се сетиме, што се пропорции и што се растојанија – рече тој.

Министерот, член на потесниот состав на Владата на Израел задолжен за безбедност, рече дека за Израел, Русија сега е во задниот двор, алудирајќи на присуството на руската армија во Сирија.

Затоа Израел, иако треба да се однесува како дел од западниот свет, треба, исто така, да биде горд што може да преговара, да зборува и да живее покрај Русите, рече Галант.

– Тоа е она што го правиме – додаде тој.

Министерот оцени дека досега Израел маневрирал внимателно и добро во многу комплицираната ситуација, бидејќи, како што рече, „Русите се тука“, објаснувајќи дека за протерување руски дипломати не било дискутирано во кабинетот за безбедност.

Во меѓувреме, израелското Министерство за надворешни работи не сакаше да коментира дали Израел планира да преземе дејства против руските дипломати во солидарност со Британците или дали некој го бара тоа, пренесуваат израелски медиуми.

Во прилог на Велика Британија, уште 24 земји протераа руски дипломати, над 110 од нив.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...