Измените на Законот за заштита од пушење пред пратениците

Измените се предложени од пратеници од владејачкото мнозинство, а се предвидува менување на одредбите од постојниот закон со чија примена се брише дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.

508

Собранието на денешната 11. седница да дебатира по Предлог законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка.

Измените се предложени од пратеници од владејачкото мнозинство, а се предвидува менување на одредбите од постојниот закон со чија примена, според предлагачите, се предизвикаа економски и социјални проблеми, односно се брише дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.

„ Основната цел која треба да се постигне со предложените законски одредби е да се променат одредбите од постојниот закон со чија примена се предизвикаа економски и социјални проблеми. Законот чие донесување се предлага се заснова врз начелото за законитост, почитување на човековите слободи и права и гарантирање на нивно остварување, и во таа смисла правото на слободен избор на граѓанинот и стопанскиот субјект“, се наведува во образложението кон Предлог – законот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...