Избори во Италија: Можна нова главоболка за Брисел

315

Италијанците в недела ќе излезат на гласање за избори на членови на двата дома на Парламентот во Рим, кои предизвикуваат загриженост во Брисел поради можноста Унијата да добие уште една членка со силен антиевропски парламентраен блок и со незивесност околу формирањето стабилна проевропска влада.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека антииститицијалното и евроскептично популистичко Движење пет ѕвезди (М5С) на Лујџи ди Мало најверојатно ќе освои најмногу гласови и одделно ќе биде најголема политичка сили во идниот италијански Парламент.

Резултатите од последните истражувања на јавното мислење, објавени согласно законот на две недели пред изборите, покажуваат дека М5С може да се надева на меѓу 26,3 и 28 отсто од гласовите.

На второ место е владејачката левоцентристичка Демократска партија (ПД) на Матео Ренци со поддршка од меѓу 21,3 и 24 проценти. ПД која на изборите за Европскиот парламент во 2014 година освои рекордни 40,8 проценти од гласовите, сега се бори да остане над 20 отсто поддршка и да биде втора по големина политичка партија во Парламентот.

Падот на популарност на ПД се припишува на непопуларните реформи на Ренци, кој на 39 години стана најмладиот италијански премиер по фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини. Доплнителен удар за ПД претставуваше отцепувањето на левото партиско крило, кое се транформира во социјалдемократското Демократско и прогресивно движење (МДП), што на овие избори настапува во колаиција со две помали левичарски партии во коалицијата Слобода и еднаквост (ЛЕУ).

На трето место, е возобновената конзервативната пратија Форца Италија (ФИ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони со меѓу 15,9 и 17,3 проценти. Некогаш моќната ФИ на 81-годишниот Берлускони на овие избори се бори да биде трета политичка сила и да има повеќе гласови и пратници од нејзиниот коалицски партнер Лигата (Л), благодарение на која сепак би можела да го добие премиерското место.

Големата четворка на италијанската политичка сцена ја заокружува токму десничарската евроскептична партија Лигата (Л) на Матео Салвини, која може да се надева на меѓу 13 и 14,8 отсто од гласовите. Станува збор за поранешната Северна лига (ЛН), која од негошната регионална партија која заговараше поголема автономија на северните италијански региони, се транформира во национална партија која ветува „протерување на сите мигранти“ и која е отворено против поголема интеграција во рамките на ЕУ.

Од помалите партии, меѓу 5,3 и 6,1 отсто гласови може да очекува социјалдемократсиот блок Слобода и еднаквост (ЛЕУ) на Пјетро Грасо, меѓу 4,8 и пет проценти националистичка евоскептична партија Браќа на Италија (ФДИ), додека по околу два отсто поддршка уживаат либералната коалиција Повеќе Европа (+Е) на Ема Бонино, демохристијанскиот блок Ние со Италија (НЦИ) на Рафаеле Фито и левичарската коалиција Сила на народот (ПАП) на Виола Карафало.

Овие избори се спроведуваат по комбинмиран изборен систем, во кој од 630 членови на Домот на пратениците, 386 се избираат според пропорционалниот модел, а 232 според мнозинскиот, додека во 315-члениот Сенат, 193 сенатори се избирраат според пропорционалниот , а 116 според мнозинскиот модел. Покрај ова, уште шест места во Сенатот и 12 во Домот на пратениците се предвидени за италијанската дијаспора, чии претставници се избираат според пропоционалниот модел.

Ваквиот изборен систем се очекува да не и обезбеди мнозинство на ниту една партија или колаиција, но сепак се очекува најмногу места во двата дома на Парламентот да освои коалицијата на десниот центар предводена од Берлускони, во која покрај неговата Форца Италија (ФИ) членуваат и Лигата, ФДИ и НЦИ. Овој блок се предвидува да има меѓу 273 и 295 пратеници и меѓу 134 и 153 сенатори.

Втора по јачина се очекува да биде левоцентристичката коалиција на ПД, во која уште влегуваат и +Е, прогресивниот блок Заедно (И), центристичката Народна граѓанска листа (ЦП), Јужнотиролската народна партија (СВП) и коалицијата на Долината Аоста (ВДА). Овој блок може да се надева на меѓу 151 и 166 пратеници и меѓу 68 и 92 сенатори.

М5С би требало да освои меѓу 134 и 147 пратеници и меѓу 72 и 80 сенатори, а ЛЕУ може да се надева на 25 или 26 пратеници и 11 или 12 сенатори.

За мнозинство во Домот на пратениците се потребни 316 мандати, а во Сенатот 158.

Во такви услови во Брисел постои стравување дека Италија би можела да западне во период на политичка криза поради неможноста да се формира нова влада и да се избегне „најлошто можно сценарио“.

Европските лидери стравуваат дека италијанските гласчи се повеќе се вртат кон популистичките, антиевропските и антимигранстките партии, кои би можеле да имаат клучна улога во идниот Парламент.

Загриженоста на ЕУ минатата недела ја манифестираше и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер кој рече дека Брисел се подготвува за „најлошто можно сценарио“ во Италија.

Дипломатски извори во Брисел тврдат дека лидерите на ЕУ веќе почнале да агитираат за формирање на „голема коалиција на проевропските партии“ која би ја предводеле ПД на Ренци и Форца Италија на Берлускони.

Според идејата од Брисел, во Италија би требало да се преслика германскиот модел на формирање коалициска влада меѓу двете најголеми партии – Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Социајлдемократската партија на Германија (СПД).

Во такви услови, ФИ би тебало да го даде идниот премиер, а бидејќи Берлускони не може да ја извршува оваа функција затоа што е осуден за даночна измама, како можен канддат за нов претседател на италијанската Влада се посочува актуелниот прв човек на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Самиот Белускони, кој се повеќе се смета за политчки партнер од страна на европските лидери и станува клучна фигура на идната политичка сцена во Италија, во вторникот изјави дека Тајани би бил „прекрасен избор за шеф на следната италијанска влада“.

Но, амбиции за премиерската функција има и главниот коалициски партнер на Берлускони, Салвини, чија партија е позната по своите антимигрантски и евроскептични ставови и кој како свој модел за управување со државата го посочува примерот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кому во Брисел му се заблежува за авторитарно однесување.

– Ако Европа е Јункер, тогаш јас сум антиевропски настроен. Ако тоа е Орбан, тогаш тоа е Европа што ми се допаѓа, изјави Салвини во интервју во пресрет на изборите.

Во такви услови Берлускони би бил поставен да избира меѓу својот сопартиец и „докажан Европеец“, Тајани и непредвидливиот евроскептичен популист Салвини. Состојбата во која се наоѓа Белускони доплнително се усложнува доколку се земе предвиде дека без пратениците на Лигата, блокот на ФИ, можеби нема да биде најброен во Парламентот и во таков случај коалицијата на Ренци би можела да биде водечка парламентарна сила и да има амбиции на премиерската функција.

Во таков случај, како можен кандидат за претседател на „владата на големата коалиција“, се споменува и името на актуелниот премиер Паоло Џентилони, кој иако е член на ПД, важи за човек поблизок до центарот, отколку до левицата и би бил еден вид „италијански Макрон“.

Во пресрет на изборите, лидерите на водечките партии ја исклучија можноста за голема коалиција по примерот на Германија, но тоа не го намали притисокот од европските лидери кон нив.

Самиот Ренци изминативе недели имаше неколку средби со францускиот претседател Емануел Макрон, кој отворено ја поддржа неговата коалиција и веројатно ќе има клучна улога во притисокот врз него да прифати евентуална коалиција со конзервативците на Берлускони.

Од друга страна, според извори во Брисел, и Белускони бил „обработуван“ од лидери на Европската народна парија (ЕПП), чија членка е ФИ, да се откаже од коалицијата со Лигата и со ФДИ, на која дури и се припишува и неофашиситчка идеологија и да формира влада со партиите на левиот центар и демохристијаните.

Дел од аналитичарите меѓутоа се скептични околу можноста за коалицирање меѓу ПД и ФИ и оценуваат дека постои реален ризик од блокада на системот.

Според некои анлитичари, отвореното или прикриеното мешање на европските лидери во италијанските избори, би можело да има контраефект и да ги засили позициите на силите кои „не се по мерка на Брисел“.

Во услови ако Берлускони реши да го раскине „бракот“ со Лигата и со ФДИ, некои аналитчари не ја исклучуваат можноста за прегрупирање на италијанската политичка сцена и овие две партии да коалицираат со М5С и да формираат влада со него.

Таквата можност деновиве ја отфрли Салвини, кој оцени дека М5С нема јасна политичка платформра, туку „го корисит незадоволството на Италијанците и жонглира со темите за Европа и миграцијата, стравувајќи да не загуби гласови“.

Политикологот Роберто Д‘Алимонте сепак смета дека неделните избори ќе доведат до блокада на политичкиот систем во Италија. Во таков случај, според него, италијанскиот претседател Серџо Матарела би имал три опции – да се обиде да издејствува договор за голема коалиција меѓу проевропските партии на левиот и десниот центар, да именува технократска влада или да распише нови избори.

Идејата за предвремени избори, веќе ја споменаа неколкумина полиитчари, меѓу кои и самиот Берлускони. Таквата идеја подразбира сегашната Влада на Џентилони да остане на должност до следните избори.

Но, таквото „решение“ не значи дека е најден излез од ќорсокакот во кој би можела да западне Италија по изборите в недела, бидејќи и по новото гласање можно е пресликување на соодносот на силите во Парламентот, како што беше случајот со Шпанија, или пак да дојде до засилување на позициите на за Брисел „несаканите“ антиевропски сили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...