Ивановиќ и Швајнштајгер добија син

700

Поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер, Бастијан Швајнштајгер добија принова во семејството.

Ана Ивановиќ ноќеска се породи во Чикаго и на свет донесе здраво машко дете, пренесуваат српските медиуми.

Дел од медиумите пишуваат и дека синот ќе се вика Лука.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер живеат во Чикаго каде Германецот настапува за тамошниот тим од МЛС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...