Исцелител“ освои награда за најдобар филм во Обањ и специјална награда на „Франкофилм“ во Рим

181

Филмот „Исцелител“ минатата недела освои две значајни награди на два престижни меѓународни филмски фестивали.

На филмскиот фестивал во Обањ, Франција, беше избран за најдобар филм во главната натпреварувачка конкуренција, а на филмскиот фестивал „Франкофилм“ во Рим, Италија, доби специјална награда од жирито. „Исцелител“ од премиерата во ноември па досега, учествуваше на 16 филмски фестивали и освои седум меѓународни награди, како и две награди во Македонија, Златна бубамара и Признание за филм на годината од Факултети.мк. Филмот беше прикажан во Индија, Америка и во неколку земји од европскиот континент. Освен освоените награди, филмот со својот квалитет го привлече вниманието на публиката и на светската филмска критика.

Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на „Фрагмент филм“ од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...