Исплатени 98 отсто од долгот на „Фени“ кон транспортерите од „Кипер“

Исплатени се 98 проценти од долгот од 3.100.000 евра.

235

Најголем дел од транспортерите членки на здружението „Кипер” ги добија парите кои ги побаруваа од кавадаречкиот комбинат „Фени” за транспорт на руда, потврди за МИА претседателот на Здружението Трајче Пејовски.

Исплатени се 98 проценти од долгот од 3.100.000 евра.

– Ни должеа околу 3.100.000 илјади евра, 98 проценти од долгот е исплатен. Останува да им се исплати уште на две-три фирми- изјави Пејовски, изразувајќи задоволство поради тоа.

Најави и понатамошна соработка со комбинатот.

Поради неисплатените побарувања од „Фени“ здружението „Кипер“ во изминатиот период во неколку наврати организираше протести со блокади.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...