Со следните лансирања, „Фелкон Хеви“ во земјината орбита треба да однесе комуникациски сателит на Саудиска Арабија.
По успешното лансирање на досега најмоќната ракета во светот „Фалкон Хеви“ на компанијата „Спејс Икс“, нејзиниот сопственик Илон Маск најави нови планови за испраќање на ова летало во земјината орбита.
– Следното лансирање на „Фалкон Хеви“ ќе биде за три до шест месеци – изјави Маск за магазинот „Верџ“, додавајќи дека реализацијата на овие планови ќе зависи од брзината со која „Спејс Икс“ ќе може да го произведе средниот дел на ракетата.
Со следните лансирања, „Фелкон Хеви“ во земјината орбита треба да однесе комуникациски сателит на Саудиска Арабија, како и да изврши тестирање на транспорт на товар за потребите на американската армија.
Маск тврди дека ракетата може да превезува товар на оддалеченост „до Плутон, па дури и подалеку, без запирање“.
– Одлична работа околу ракетата „Фалкон хеви“ е тоа што таа ја подигнува границата во превозот на товар, Може да понесе двојно поголем товар од сите останати ракети во светот и да стигне до Плутон, па дури и подалеку, без запирање – додаде Маск.
За во иднина, „Спејс Икс“ планира да превезува и луѓе во Вселената со вселенски брод, кој би бил поставен на врвот на „Фалкон Хеви“.