Илир Мета: Стратешкиот избор на Албанија е нејзино целосно членство во ЕУ

150
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Стратешкиот избор на Албанија е нејзино целосно членство во ЕУ, изјави албанскиот претседател Илир Мета во интервју за грчкиот весник „Вима“.

Тој истакна дека Атина и Тирана постигнале согласност за изготвување нов договор за морските гранични зони меѓу двете земји за кои имаат несогласувања.

Шефот на албанската држава смета дека двете земји би можеле да го разгледаат и спорното прашање за „чамите“ – албанско етничко малцинство иселено од Грција по Втората светска војна. Тој ги отфрли шпекулациите за „Голема Албанија“ и истана дека „стратегишкиот избор на неговата земја е целосно членство во ЕУ“.

– Тирана никогаш не се стремела и не се стреми кон реализација на митот за „Голема Албанија“. Како претседател на земјата, а и за време на функциите кои досега сум ги извршувал, секогаш јасно сум истакнувал дека Албанија е еден надежен и конструктивен партнер во регионот – рече Мета.

Фото: EPA/MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...