И земјоделците и невработените добиваат превентивни прегледи

Темата на Светската здравствена организација оваа година е „Универзална покриеност со здравствените услуги - секој и  секаде“.

266

Во Институтот за медицина на труд на РМ – Колаборативен центар на СЗО, во соработка со Светската здравствена организација, Канцеларија во РМ, денеска се одржа состанок по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, со порака „Здравје за сите! Здравје за сите работници“.

Темата на Светската здравствена организација оваа година е „Универзална покриеност со здравствените услуги – секој и  секаде“.

Проф. д-р Јованка Караџинска-Бислимовска, раководител на Колаборативниот центар на СЗО – Институт за медицина на трудот, вели дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа, трудова медицина треба да спроведе превентивни медицински прегледи на сите работници, и тоа работникот не го плаќа туку е обврска на работодавачот.

– Над 900.000 лица кои се работоспособни во земјава, над 200.000 не се вработени. Институт за медицина со своите тимови спроведува превентивни медицински прегледи во рамки на програмски активности, на земјоделците, кои во најголем дел немаат работодавачи, и на невработени лица кои исто така немаат работодавци, а прегледите се однесуваат на влијанијата на работа, и способноста на луѓето да ја извршат работата без да им се оштети здравјето – рече таа.

Истакна дека во текот на годината се спроведуваат прегледи на земјоделците, се прават мобилни екипи по селата, над 8.000 земјоделци се опфатени со овие прегледи, исто така и невработените.

– Оваа година во соработка со Агенција за вработување, со МТСП, ја завршивме кампањата „Здравје за сите невработени“, и екипите на Институтот беа во Агенцијата за вработување каде што ги реализираа овие активности – додаде Бислимовска.

Посочи дека определба на Институтот е зголемување на услугите на сите работници и поддржување на законските определби, со цел да се заштити здравјето на секој работник, и со тоа да се одговори на потребите на СЗО.

Д-р Сашо Столески, научен соработник при Институтот за медицина на трудот на РМ, вели дека оваа година мотото на СЗО е универзална покриеност, и поради тоа целна група на Институтот е активното население, односно работоспособната популација.

– Оваа превентивна програма неколку години се спроведува на Институтот, со неа се опфатени невработените лица, како и работниците кои се изложени на ризици, на работа на отворено, а тоа се земјоделците – реле Столески.

Со овие превентивни прегледи, додаде тој, се добиваат одлични податоци во врска со нивната здравствена состојба, кои се најчестите проблеми, симптоми и заболувања и насоки кон подобрување на нивната здравствена состојба.

Столески истакна дека превентивни прегледи за невработените ќе се извршат и наесен во АВРМ, чија цел е и да добијат лекарско уверение, како конечен исход на тој преглед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...