„I need North Macedonia” ќе биде новото туристичко лого на земјава?

862

„I need North Macedonia” или ,,Ми треба Северна Македонија”. Вака отприлика ќе звучи називот на новото туристичко лого за земјава кое ќе биде готово до крајот на годинава, а кое ќе се користи во новите промотивни кампањи кои веќе наголемо се подготвуваат, со примена на новото уставно име Северна Македонија, јавува ТВ 24.

Досегашните брошури со кои државата се претставуваше на туристички саеми заминуваат во историјата, односно истите околу 30.000 нема да бидат фрлени, туку ќе се користат за внатрешна употреба, информираат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...