Хуманитарна изведба на „Мадам Батерфлај“ за семејството Ристески

Концертот на МОБ следува по апелот за помош на семејството Ристески, мајката Марина, таткото Јован и нивниот тригодишен син Александар. 

92

Македонската опера и балет вечерва ќе ја изведе претставата „Мадам Батерфлај“, а парите од продадените билети ќе му ги даде на семејството Ристески кое живее во субстандардни услови во селото Долгаец кај Прилеп.

Одлуката за овој хуман гест на МОБ следува по апелот за помош на семејството Ристески, мајката Марина, таткото Јован и нивниот тригодишен син Александар.

На ова семејство, како што наведува Македонската опера и балет, му е потребен топол дом, за малиот Александар да има безгрижно детство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...