Познатиот синџир за производство и продажба на облека Hennes&Mauritz (H&M) со седиште во Шведска, потврди дека ќе отвори продавница во Сараево, Босна и Херцеговина, следната година.
Во последниот деловен извештај, корпорацијата наведува дека БиХ ќе стане 71 држава во светот во која H&M има продавница.
Корпорацијата во првата половина од годинава остварила приход од повеќе од 10 милијарди евра, а добивка од околу 600 милиони евра.
Претседателот на Управата, Карл Јохан Персон, навел дека H&M оваа година планира да отвори 390 продавници, а ќе затвори 150. Вкупно има 4 800 продавници во светот во кои се вработени околу 130 000 луѓе. Во Хрватска H&M ја отвори првата продавница во 2011 година, а сега има 15. Во Словенија првата продавница ја отвори во 2004, а во Србија во 2013 година. Во земјите од поранешна Југославија H&M има 40 продавници.
Пред да се појави на пазарот на БиХ, H&M лани ги отвори своите први продавници во Исланд, Казакхстан, Грузија, Виетнам и Колумбија.