Хејли: Ако не дејствува ОН, тогаш САД ќе дејствува во Сирија

480

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли предупреди денеска дека доколку Советот за безбедност на ОН не успее да дејствува во Сирија, Вашингтон ќе биде подготвен доколку мора да изврши напади врз сириска база.

– Тоа не е патот што го преферираме, но тоа е пат за кој покажавме дека по него ќе тргнеме и подготвени сме да тргнеме повторно – нагласи Хејли во Советот за безбедност на ОН.

Предупредувањето на Хејли дојде откако САД побараа од Советот за безбедност да инсистира на итен 30-дневен прекин на огнот во Дамаск и Источна Гута во Сирија.

Фото: EPA/ESTEBAN BIBA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...