Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека е подготвен да најдат заеднички јазик со пратениците од Српска листа во врска со демаркацијата на границата со Црна Гора.
– Србите сега засега одбиваат да зборуваат за оваа тема,но дискутирале за можноста да го подржат овој процес. Јас ја почитувам Српска листа, тоа се избрани луѓе од народот, имаат авторитет и се граѓани на Косово. Ќе разговарам со нив и сум подготвен да најдеме заеднички јазик. Верувам дека ова е во интерес и на Србите на Косово, зашто и тие не поседуваат пасош без виза и не може да патуваат надор од земјата- изјавил Харадинај, пренесува електонското издание на приштинскиот весник „Газета експрес“.
Харадинај посочува дека слободното движење „не може да биде со губење на територија или концесии“ и искажува убеденост дека задоволителен број на пратеници од Српска листа ќе гласаат за демаркацијата на седницата која ја најавува за следната недела.
Инаку,поради цврстиот став на Движењето Самоопределување да не го гласаат Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, изгласувањето на демаркацијата зависи од листата српски пратеници со чии гласови може да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство.