Хајди Клум им одговори на критичарите: Зарем јас не можам да бидам уште секси?

Славната германска манекенка која има 44 години, се соочила со „ејџизамот“ (негативен став или стереотипно однесување кон стареењето и повозрасните).

268

Славната германска манекенка Хајди Клум се соочила со популарниот „ејџизам“ (негативен став или стереотипно однесување кон стареењето и повозрасните). Многумина ѝ замериле на фактот дека таа и на 44-годишна возраст продолжува да промовира долна облека и костими за капење.

На негативните ставови и стереотипи славната Германка имала подготвен одговор при гостувањето во емисијата на славната Елен Деџенерис истовремено порачувајќи дека се уште не и „истекол рокот на траење“.

– Зарем јас не можам да бидам секси? Зарем тоа можат само жените на 30 години? И другите мои врснички па и постарите жени можат и би требало да се чувствуваат секси. Не разбирам кој ни зададе рок на траење и која е личноста која ќе каже дека ни дошол крајот? – запрашала Хајди.

– Имам 44 години и наскоро ќе наполнам 45 и веќе ме прашуваат дали имам некои нови планови. Немам. И понатаму ќе се занимавам со работата на начин на кој што и досега сум го правела тоа – рекла Хајди и напомена дека годините не ѝ можат ништо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...