ГСОЛ: „Фени индустри“ повторно произведува

141

„Фени Индустри“ повторно произведува, а враќањето во производство доаѓа по само еден месец откако компанијата потпиша договор со „Еуроникел“, претставништво на ГСОЛ во Македонија, меѓународен инвеститор кој според договорот веќе има вложено повеќе од 20 милиони евра.

-Завршувањето на првиот производ на „Фени Индустри“ и враќањето во производство е доказ за нашата континуирана заложба за воспоставување на нова перспектива и иднина за „Фени“, нејзините вработени и сите засегнати страни поврзани со неговото успешно работење. Ние го покажавме нашиот капацитет во обезбедување ресурси, знаење од индустријата и оперативното лидерство на „Фени“. Нашите финансиски и оперативни обврски, денес почнаа да резултираат и ќе бидат од корист за локалната и пошироката заедница, вработените и сите партнери – изјави Маркос Камхис, директор на GSOL.

Тој додава дека ова е првиот чекор кон дефинитивно решение за проблемите на „Фени“

ГСОЛ, преку „Еуроникел“ претставништвото во Македонија, беше единствената компанија која се огласи на јавниот повик на стечајниот управник за соработка, исполнувајќи ги и надминувајќи ги сите наведени барања и дефинитивно докажува дека нејзиниот интерес во индустријата и „Фени“ особено, е вистински и долгорочен, и покрај несигурноста во исходот од стечајниот процес.

Формирана во 2009 година, ГСОЛ е фокусирана на природните ресурси и специфичните основни метали. Тие имаат одлични и докажани резултати на глобално ниво, со обликување и работа со фероникел. Во август 2015 година, ГСОЛ ја презеде и целосно ја интегрираше компанијата Glencore Falconbridge од Доминиканската Република.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...