На социјалните мрежи се појавија фотографии од кран кој пристигнал од Бугарија за со него да се дислоцира „Воинот на коњ“ од плоштадот „Македонија“.
По ова, група граѓани застанаа на плоштадот Македонија со намера „да го одбранат споменикот“, кој стравуваа дека ќе биде кренат пред утрешната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.
Тие најавија дека ќе чуваат стражи околу споменикот во текот на ноќта доколку властите одлучат да го отстрануваат како што беше направено со споменикот на Ќосето.
фото: Фејсбук