„Горење“ доби четири понуди за стратешко партнерство

293

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Горење“ добил четири понуди за потенцијално стратешко партнерство, објави државната телевизија на Словенија.

Рокот за собирање на необврзувачките понуди измина пред два дена. Сите понудувачи се активни во индустријата на кујнски апарати и доаѓаат од Азија.

„Горење“ до 13 март ќе ги разгледа примените понуди, по што потенцијалните вложувачи ќе ги повика на „длабинско снимање на работата во компанијата“.

По објавувањето на информацијата, акциите на „Горење“ на Љубљанската берза се зголемија за 8,56 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...