Банката Голдман Сакс за првпат падна под првите три места на најголемите трговци со ресурси. Според листата која ја изработува организацијата Коалишн Девелопмент, Голдман Сакс е на четврто место, зад Џеј Пи Морган Чејс, Морган Стенл и Ситигруп.
Причините за падот на гигантската банка се нејзините сериозни загуби во трговијата со природен гас и електрична енергија, кои доведоа до еден од најлошите годишни биланси во историјата на Голдман Сакс. Како резултат на неуспешната година, повеќе високи функционери го напуштија одделението за трговија со ресурси на Голдман Сакс. Историски земено, Голдман Сакс и Морган Стенли доминираат во овој сегмент на американскиот пазар