Ги заборавил ќерките на бензинска, се вратил по нив по извозени 170 километри 

1088

Германец ги оставил двете ќерки на бензинска пумпа на автопатот А-8 кај Холцкирхен и мирно го продолжил патувањето не забележувајќи дека децата не се во автомобилот.

Ги понел ќерките, на возраст од 14 и 10 години, за велигденските празници на езерото Гарда. Мајката на девојчињата останала дома.

На пумпата наточил гориво, а девојчињата отишле во тоалетот. Меѓутоа кога се вратиле од таткото ни трага ни глас.

Работниците на пумпата веднаш реагирале, ги згрижиле девојчињата и ја известиле полицијата. И тука почнува хаосот, бидејќи малечките не го знаеле бројот на мобилниот од таткото, го дале домашниот број. Таму се јавила мајката, на која за малку ќе и запрело срцето кога сфатила дека децата се сами и незаштитени некаде на автопат во Баварија.

Само што го дала мобилниот број на полицијата, почнуваат повиците до таткото, кој дури по 48  ѕвонења се јавил. Тој веќе бил навлезен во Австрија, 170 километри далеку од бензинскат пумпа каде што ги оствил децата. Експресно се вратил по нив, но полицијата се уште размислува дали да поднесе пријава против него или да го пушти да се извлече.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...