Германските власти ја разгледуваат можноста да се воведат униформи за припадничките на Германската војска кои ќе останат бремени.
Министерството за одбрана на Германија соопшти дека околу 800 волонтерки веќе ги испробале униформите, како и долната облека, па сега се анализираат реакциите од анкетата.
– Нашата крајна цел е да набавиме униформи коишто најдобро ќе одговараат на потребите на нашите корисници, стои во соопштението.
Трудниците вообичаено се околу два отсто од 20.000 жени војници во Германија.
ФОТО:Flikr