Судијата Андреас Кормбахер објави дека германски управен суд на 27 февруари ќе ја објави одлуката за жалбата на германските сојузни држави.
Германскиот суд ја одложи пресудата за тоа дали смеат градовите да забрануваат дизел автомобили кои многу ја загадуваат околината, одлука која би можела да ја намали вредноста на околу 15 милиони такви возила во Европа и да ја присили автомобилската индустрија на скапи промени.
Судијата Андреас Кормбахер објави дека највисокиот германски управен суд на 27 февруари ќе ја објави одлуката за жалбата на германските сојузни држави на забраните од локалните судови во Штутгарт и Дизелдорф поради загаденоста на воздухот.
Светот полека им го врти грбот на автомобилите со дизел мотори откако Фолксваген во 2015 призна дека мамел на американските тестирања на издувните гасови со софтвер преку кој мерните уреди покажувале дека моторите испуштаат дозволени количества штетни јаглеродни оксиди и други честички.
Иако и други држави размислуваат за воведување рестрикции на дизелашите, забраната на таквите возила во Германија, татковината на современиот автомобил, би ѝ задала силен удар на германската автомобилска индустрија.