ГДУ: Дали Тевдовски ги „охрабрува“ фриленсерите да ја напуштат Македонија?

Граѓанско демократската унија го изразува своето незадоволство од најавите на министерот за финансии Драган Тевдовски дека се планира прогресивно оданочување со оправдување дека со оваа даночна мерка би биле опфатени околу два отсто од граѓаните.

1683

Граѓанско демократската унија го изразува своето незадоволство од најавите на министерот за финансии Драган Тевдовски дека се планира прогресивно оданочување со оправдување дека со оваа даночна мерка би биле опфатени околу два отсто од граѓаните.

Според ГДУ, Тевдовски како да има намера дополнително да ги оптовари програмерите, уметниците, преведувачите, архитектите… т.н. фриленсери кои се трудат да заработат и заработката да ја остават во земјава и можеби министерот на овој начин сака да ги охрабри и тие да ја напуштат Македонија?

„Како да не извади поука од зголемувањето на акцизата на дизел горивото? И тогаш поголемиот дел од населението немаше потреба да се вознемирува, таа мерка беше за некои други? Ако му недостасуваат средства, министерот би можел да се позанимава како се почитува финансиската дисциплина во земјава. Ако правилата на внатрешниот платен промет се исти на целата територија на Република Македонија, тогаш зошто министерот за финансии и органите под негова контрола не ги спроведуваат?
Ако министерот е дарежлив и исплаќа „државни службеници” да седат дома, финансира „традиционални тиквијади” и сѐ уште незнае колку е бројна администрацијата, зошто очекува јавноста да ги сфати неговите аргументи сега? И сосема за крај, почитуван министер: која е горната граница ако 2 отсто од населението е прифатлива за вас“, прашуваат од ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...