„Гаспром“ повлекува работници од Велика Британија

Најавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Велика Британија и Русија, по нападот со хемиско оружје врз поранешниот руски таен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

201

Руската компанија „Гаспром“ најави дека ќе повлече стотици службеници ангажирани во странство, пред се во Велика Британија, и ќе ги премести нивните работни места во Санкт Петерсбург.

Најавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Велика Британија и Русија, по нападот со хемиско оружје врз поранешниот руски таен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Најголемата канцеларија на „Гаспром“ надвор од Русија е во Велика Британија, со околу 1.000 вработени. „Гаспром“ има вкупно околу 2.000 вработени во канцелариите во Лондон, Париз, Хјустон, Сингапур и низ Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...