Гаши: Владата да не брза со зголемувањето на данокот на доход

136

По најавите на министерот за финансии, Драган Тевдовски, за зголемувањето на данокот на доход за лицата кои остваруваат приходи поголеми од 1000 евра, апелираме до Владата да не брза со усвојување на оваа мерка без притоа да се калкулираат последиците што може да ги предизвика една таква мерка врз даночната евазија, особено за информатичарите и воопшто врз секторот за информатичка технологија, вели Африм Гаши, претседател на движењето Беса.

– Движењето Беса смета дека во времето кога употребата на интернетот и технологијата континуирано расте, создавањето услови, олеснителни околности и државната поддршка кон оваа категорија со цел да се стимулира основањето на што е можно поголем број микро-компании од сферата на ИТ, он-лајн трговијата, производството на софтверски програми и апликации и воопшто поголема употреба на интернетот за бизнис, може повеќе да биде во полза на државата отколку зголемување на данокот на доход од 10 на 18 отсто – вели Гаши.

Сметаме дека, додава тој, оваа категорија претприемачи и професионалци Владата треба да ја гледа како стратешки партнер за основање нови бизниси и намалување на невработеноста бидејќи стимулативните мерки кон оваа категорија претприемачи би создале поголем обем на работа, што воедно подразбира и повеќе данок за државата отколку зголемувањето на данокот на доход, кој може да има дестимулирачки ефекти и може да ја зголеми неформалната економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...