Американците не се задоволни со работата на федералната Влада, при што само 34 отсто Американци изјавиле дека се „многу“ или „донекаде“ задоволни со обемот и овластувањата на Владата, покажува најновото истражување на Галуп.
Можеби е уште позначајно што овие бројки, кои Галуп ги нарекува „историски ниски“, малку се промениле меѓу 2011 и 2017 година. Галуп забележува дека задоволството на јавноста со Владата било многу поголемо во периодот меѓу 2001 и 2008 година.
На пример,во јануари 2001 година откако Врховниот суд го именуваше Џорџ Буш помладиот за претседател после најтесните избори во историјата, 68 отсто Американци изразија задоволство со системот на власта. Вкупно 50 проценти биле задоволни со големината и овластувањата на Владата.
После терористичките напади на 11 септември 2001, задоволството со системот на Владата, како и нејзината големина скокна на 76 и 60 проценти. Овие бројки почнаа да паѓаат во 2003, наведува Галуп.
Позитивниот став за Владата паднал и меѓу демократите и републиканците.