Стотици, досега необјавени фотографии од првите концерти на Битлси во САД, продадени се за 253.000 фунти (околу 290.000 евра) на аукција во Англија.
Автор на фотографиите е Мајк Мичел. кој тогаш имал 18 години, а ги сликал настапите на Битлси во вашингтонски „Колосеум“ и „Граѓанскиот центар“ во Балтимор во 1964 година. Фотографии има и од нивната прес-конференција и доаѓањето на бендот на железничката станица „Јунион“ во Вашингтон.
Вкупно 400 негативи се продадени вчера во аукциската куќа „Омега окшнс“ во Англија.
На истата аукција, продаден е и црн автомобил од марката „мерцедес“ од 1984 година за сума од 50.000 евра, а кој го поседувал одреден период Џорџ Харисон, член на Битлси.