Децата од СОС Детското село добија можност да го посетат киното „Cineplexx“ и да уживаат во дел од актуелните холивудски блокбастери, подарок од компанијата ФД Диџитал фајнанс интернешнал од Скопје, сопственик и оператор на брендот за онлајн кредити „Форца“.
Како општествено одговорна компанија, „Форца“ го поттикнува целосното вклучување на децата од СОС Детското село во општеството, посебно во културно-социолошкиот живот на нивните врсници.
„Форца“ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува и иницира ваквите несекојдневни активности, со кои директно се влијае врз социјалниот живот на младите од СОС Детското село, како и нивната целосна интеграција како членови на локалната заедница, со надеж дека овие активности ќе послужат како инспирација за многу други компании кои имаат можност да помогнат во процесот.