Fingerprint – компанија за нов концепт на урбана облека која ги изразува македонските посебности

Мисијата на Fingerprint е унапредување на македонската модна сцена преку нов концепт на урбана облека која јасно ги изразува македонските посебности.

404

Fingerprint е новата компанија која се појави на пазарот за производство на квалитетнo испечатени маици со различни дизајни и пораки кои го отсликуваат македонското секојдневие. Нивната мисија е унапредување на македонската модна сцена преку нов концепт на урбана облека која јасно ги изразува македонските посебности, како што се македонскиот ајвар, Скопје, ракијата, Охрид, стихови од песни, се вели во соопштението на компанијата.

Го имаа своето деби на првата вечер од седумнаесеттиот „Fashion Weekend Skopje 2018“ со нивната колекција „Macedonian beauty“ креации кои се 100% осмислени и направени во Македонија односно маици со 16 различни принтови.
„Пред вас стои првата едиција маици со име „Macedonian beauty“со којa на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар“, вели тимот кој стои зад брендот Fingerprint.

Нивната главна цел е да им се обезбедат на клиентите високо квалитетни производи, одлична изработка и извонредна услуга. Тие имаат за цел да создадат маици со потписот на Македонија. Во зависност од потребите на своите клиенти, Fingerprint може да се грижи за процесот на дизајнирање од почеток до крај или, ако клиентот сака да има поголем влог во нивните дизајни, Fingerprint сигурно со големо задоволство ќе работи со нив за да произведе облека според спецификациите на клиентот, а на купувачите им овозможува да го доживеат целокупниот процес на дизајнирање.

Fingerprint ги користи само најдобрите добавувачи и се гордее со квалитетот на своите производи, како и изработката на печатењето и везот. Со голема брзина веќе станува една од најбрзорастечките добавувачи на 15 различно дизајнирани маици, кои можат да бидат идеални за креативни подароци, но истовремено и за подобрување на сопствениот моден стил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...