Филмови по избор на Васко Атанасоски во Кинотека

122

Во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани два филма по избор на андерграунд изведувачот Васко Атанасоски, кој за март е „уредник со причина“ – филмска програма што Кинотеката ја воведе минатиот месец.

По негов избор денеска и утре од 20 часот ќе биде прикажан „Избавување“ (Deliverence) – американски филм од 1972 година во режија на Џон Борман, снимен по сценарио на Џејмс Дики, со три номинации за Оскар и со четири за Златен глобус.

В недела, пак, по избор на Атанасоски од 19.30 часот ќе биде прикажан „Најдолгиот пат“ на режисерот Бранко Гапо, по сценарио на Петре М. Андреевски, кој во 1976 година ја доби наградата Голема сребрена арена на филмскиот фестивал во Пула.

По проекциите, од 22 часот во Кинотека, Атанасоски ќе го промовира својот прв соло-албум „Пази куче“ кој како винилно издание излезе во октомври 2017 година за „Geenger Records“ од Хрватска, заедно со „Балкан Велики“ – издавачката куќа на Атанасоски.  На оваа плоча тој е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите, а воедно и вокал, гитарист, басист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...