Македонската филхармонија во четврток ќе го одржи симфонискиот концерт „Бернштајн 100“, со кој ќе се одбележи сто годишнината од раѓањето на еден од највлијателните американски композитори и диригенти, Леонард Бернштајн.
Под диригентство на врвниот маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе бидат изведени две дела од неговиот богат опус – симфониската свита „На брегот“ и Три танцови епизоди од мјузиклот „Во градот“.
Солист на концертоте еден од најголемите виртуози денес, германско-францускиот виолончелист Николас Алтштед, кој за првпат во Македонија ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар од англискиот композитор Вилијам Волтон.
Композиторот, диригентот и пијанистот Леонард Бернштајн (1918-1990) е еден од првите американски диригенти кој постигнал светска слава. Добитник е на повеќе „Еми“ награди и се смета за една од највлијателните личности во историјата на американската класична музика.