Косовскот Парламент на денешната пленарна седнца за нов гувернер на Централна банка на Косово го избра Фехми Мехмети.
За неговиот избор гласаа 60 од присутните 110 пратеници. На листата на кандидати за прв банкар на Косово беа и Шкендије Химај, Бесник Бислими и Сафет Меровци.
Изборот на нов гувернер следува откако местото остана празно по изборот на Бедри Хамза за министер за финансии.
Четириесет и девет годишниот Мехмети, на 11 септември 2017 година, од страна на Бордот на банката беше именуван за вршител на должноста гувернер. Претходно, од први септември 2013 година беше на функцијата заменик-гувернер.
Претходно обавувал значајни функции, меѓу другото и во Управата за јавни приходи и на меѓународниот аеродром во Приштина.Роден е во селото Бечиќ, кај Витина.Живее во Приштина, оженет е и е татко на три деца.