Федералното истражно биро (ФБИ) наскоро под закана со обвинение ќе ја испрашува актерката Памела Андерсон (50) поради нејзините врски со Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, кој објави стотици илјади американски доверливи дипломатски депешеа.
Памела, која се прослави во серијата „Чувари на плажата“, е подготвена за испитувањата.
– Го обожавам Асанж. Тој е храбар и ништо не е повеќе секси од тоа. Го сакам – рекла Памела, која со Асанж ја запознала британската модна креаторка Вивиен Вествуд.
Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон се крие од 2012 година, плашејќи се од екстрадикција во Шведска, каде што е обвинет за силување и за сексуален напад. Тој тврди дека Шведска ќе го испорача на САД.