Фарма на Грејс Мугабе преплавена од копачи на злато

Фармата се наоѓа во Мазови, од каде таа протерувала селани во 2015 година, кога нејзиниот сопруг Робет Мугабе беше претседател на државата. 

281

Копачи на злато извршиле инвазија на фарма на поранешната прва дама на Зимбабве, Грејс Мугабе, објави весникот „Њуздеј“.

Откако не успеала да се справи со нив, таа случајот го пријавила во полиција.

Во нејзиното соопштение се наведува дека таа била „шокирана кога видела 400 лица како илегално бараат злато“.

Кога им се спротивставила, еден од работниците и рекол дека таа веќе нема моќ за да ги избрка.

Фармата се наоѓа во Мазови, од каде таа протерувала селани во 2015 година, кога нејзиниот сопруг Робет Мугабе беше претседател на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...