Еврогрупата дозволи транша од 5,7 милијарди евра за Грција

126

Нова транша од 5,7 милијарди евра ќе добие Грција во втората половина од март, беше одлучено на синоќешната средба на Еврогрупата.

Претседателот на Еврогрупата Марио Сентено пред новинарите изјави дека во април на дневен ред ќе биде и прашањето за олеснување на грчкиот долг.

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изрази задоволство од преговорите на Грција со нејзините кредитори. Воедно, тој предупреди дека за грчката Влада претстојат сто критични денови, пред средбата на Еврогрупата на 21 април, на која треба да се донесе решение за позитивно финализирање на спасувачката програма за земјата уште во текот на претстојното лето.

Весникот „Катимерини“ оценува дека рокот до крајот на програмата е многу кус, бидејќи дотогаш Грција треба да исполни уште 88 мерки побарани од кредиторите.

Втор предвизик за Владата е преземената обврска до Велигден да претстави проект за развој на економијата и за чекорите кои Грција ќе ги преземе кога ќе излезе од строгата контрола на институциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...